Ахмети му рекол на Санино дека не сака предвремени избори

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на попладневната средба со директор на Директорат за проширување на ЕУ, Стефано Санино, истакнал дека ДУИ е против предвремени парламентарни избори и е против бојкотот на локалните избори во овие, како што нагласил, многу чуствителни и значајни моменти за земјава.

„Ахмети го покани СДСМ да се врати во Собранието и таму да ја води политичката битка. Двајцата соговорниците изразија жалење за настаните од 24 декември во Скопје во предвечерие на значајни моменти за Македонија“, соопшти ДУИ.

Според соопштението, Санино го информирал Ахмети за календарот на настаните кој што ќе следат во согласност со европската рамка, односно дека Европската Комисија ќе подготви извештај во април, кој што ќе го достави до земјите членки на ЕУ, за добивање на датум за започнување на преговори.

„Во следните месеци е многу значајно цело општество во Македонија да се построи зад европската агенда за да постигне добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ и решавање на прашањето со името, што, исто така, ќе овозможи зачленување на Македонија во НАТО. На средбата со Санино, претседателот Ахмети нагласи дека за овие стратешки определби вреди да се плати цена затоа што добрата од нашата политичка храброст ќе ги уживаат следните генерации“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми