Ахмети: Лажни вести се дека пратеници од ДУИ ќе го зголемат мнозинството на Мицкоски

Од:

Не сме загрижени за ситуацијата со опозицијата. За нас се приоритет државните, а не партиските интереси – да го решиме проблемот со Бугарија, да функционира земјата во нормална состојба, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред средбата на партиското раководство во Тетово.

Како што рече Ахмети, ДУИ е отворена за разговори со сите кои се про ЕУ и НАТО, но нема комуникација, ниту ќе има со оние што негуваат анти НАТО, анти ЕУ и анти албанска филозофија.

Демокртатски е, смета Ахмети, некој да има мнозинство од 61 пратеник, но сосема друго е стратегија, концепт и иницијатива.

На новинарско прашање дали е точно дека пратеници од ДУИ ќе го зголемат мнозинството на Христијан Мицкоски, Ахмети рече дека тоа се лажни вести и дека ДУИ е комплетна.

-На средбата ќе се анализираат актуелните политички случувања, а целта е како да се зачува нормалната состојба во државата. ДУИ е партија со голем кредибилитет и приоритет. Секогаш ги става државните интереси пред партиските. Државните интереси се приоритет и тоа е најважно. Да го решиме проблемот со Бугарија, да функционира државата во нормална состојба. Не сме загрижени од ситуацијата со опозицијата, истакна Ахмети пред средбата.

Во врска со статусот што го објави на Фејсбук Шкодране Дардишта, членка на Одборот на директори на Македонски телеком, Ахмети потенцира дека ДУИ во својата кауза ја има слободата, а таквите изјави не се во интерес на партијата и каузата.

– Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, напиша Дардишта на својот Фејсбук профил коментирајќи ги актуелните случувања на политичката сцена во земјава.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ДУИ: Се промовира реторика и практика што буди носталгија за опасни проекти како „српскиот свет“ со отворени проруски тенденции

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: ДУИ за регионите каде што живеат Албанци не изгради ниту еден крупен инфраструктурен проект

ВРЕДИ се пофали дека оваа влада направила повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел еден мандат