Ахмети-Јазбец: ДУИ е стабилен и сериозен субјект, спремен да продолжи со конструктивниот придонес

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) е стабилен и сериозен субјект, спремен да продолжи со конструктивниот придонес, истакнал лидерот на партијата Али Ахмети на средбата со словенечкиот амбасадор во Скопје Милан Јазбец.

-Ахмети подвлече дека на земјата и се потребни демократски институции произлезени од изборите од 15 јули за истите да превземаат целосна одговорност за лошата економска ситуација и со непрекината пандемија. Причината зошто се забрзаа изборите и се одржаа сред лето беше поради итната потреба за да се состане Собранието и да се изгласа нова владата која ќе ја менаџира оваа ситуација, рекол Ахмети на средбата, се наведува во соопштението од ДУИ.

Оценката и на Ахмети и на Јазбец е дека изборите се спроведоа успешно, во демократски дух и во согласност со демократските стандарди.

Средбата, како што се оценува, се одвивала во пријателска атмосфера и соговорниците размениле мислења „за добро спроведените предвремени парламентарни избори во Северна Македонија“.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис