Ахмети: Има волја за да се постигне договор за консензуален претседателски кандидат

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТК по повод 11-годишнината од независноста на Косово зборуваше и за претседателските избори во земјата, истакнувајќи дека тој ја испружил раката за соработка со албанската опозиција за заеднички кандидат Албанец, но за жал, двете опозициски партии го одбиле.

-Сега, јас ја испружив раката, но албанските опозициски политички партии излегоа со многу навредувачки ставови и не ја прифатија испружената рака, мене ми е жал за ова. Во понеделник ќе има средба на коалициските партнери. Ние стоиме на нашиот принцип за претседател на државата со договор помеѓу страните кои имаат легитимитет, значи на албанската и македонската страна. Има волја за да се постигне договор, но ова зависи од страните кои ќе се сретнат во понеделник, истакна Ахмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он