Ахмети: Има потреба за ветинг во сите институции

Од:

Демократската унија за интеграција стои зад барањето дека Северна Македонија има потреба за ветинг во сите институции, почнувајќи од законодавните, извршните и така натаму, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот на ДУИ, одговарајќи на прашање на МИА, рече дека за ветингот се дискутира со сите политичките партии и дека сите ќе треба да бидат предмет на ветинг.

Тој ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев, кој пред неколку дена рече дека ветингот во судството може да влијае за намалување на бројот на судиите и обвинителите.

– Јас не можа да се занимавам со предрасуди, ниту со предвидувања за преполовување на судиите и обвинителите во процесот на ветингот. Тие што не го поминуваат ветингот не заслужуваат да бидат претставници на судството. Независно колку ќе трае ударот, дали ќе се преполови бројот или ќе остане четвртина, зависи од веродостојноста, рече Ахмети на инаугурацијата на статуата на американскиот претседател Вудро Вилсон пред административната зграда на Општина Чаир.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски