Ахмети им посака успех на учениците и наставниците

Од:

По повод почетокот на новата учебна година, честитка до сите ученици и вработени во образованието во Република Македонија упати лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Образованието е приоритет на нашата секојдневна активност во однос на подобрување на квалитетот на образовниот процес, како и потребната инфраструктура овозможувајќи им на учениците и наставниците оптимални услови за одржување на наставата и стекнување на знаења и вештини.

– Наставата е света професија и во себе ја носи одговорноста за иднината на една цела нација, затоа и нашата посветеност за да се помогне на наставникот нема да недостасува, туку е ставена во највисок степен на нашите приоритети, наведува Ахмети во честитката до учениците и наставниците.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата