Ахмети и Жерновски: Продлабочување на соработката за добробит на Македонија

Од:

Лидерите на ДУИ и ЛДП, Али Ахмети и Андреј Жерновски на средбата во Мала Речица ги потенцирале добрите односи меѓу двете партии и гиотовноста за продолжување на работата и реализацијата на приоритетите на Република Македонија.

Ахмети го запознал Жерновски за посетата на Соединетите Американски Држави.

Тој потенцирал дека е неопходен компромис за прашањето за името за да може Македонија да стане член на ЕУ и НАТО.

Двајцата соговорници се согласиле дека приоритети на Македонија се добрите меѓуетнички односи, доследна реализација на Охридскиот договор, добрососедските односи и еконмскиот развој на земјата.

Тие се согласиле да продолжи добрата соработка меѓу двете партии и во иднина за развој и добробит на Македонија како држава со граѓанска хармонија, економски развиена и интегрирана во ЕУ и НАТО.

Zernovski 4

Средбата во Мала Речица траеше час и половина, невообичаено долго за средби меѓу двајца лидери на партии особено што Жерновски е првиот лидер на опозициска партија со кој Ахмети оствари спредба по подолг период.

На средбата освен лидерите беа и претставници од двете партии, а се приклучи и градоначалничката на Тетово Теута Арифи која иницира продлабпчување на соработка меѓу општините Центар и Тетово.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски