Ахмети и Тачи на средби со албанскиот амбасадор

Од:

Албанскиот амбасадор во Македонија,  Арбен Чејку во Тетово беше на  одделни  средби со лидерите на ДУИ и на ДПА,  Али Ахмети и  Мендух Тачи.

На средбата со Ахмети, велат од партијата, е разговарано за политичките актуелности, 100 годишнината на Денот на Албанското Знаме, економската и трговска размена и други теми.

„Стабилноста на Македонија е многу значајна, заедно со продолжувањето и интензивирањето на евроатланската интеграција, продлабочувањето на соработката меѓу албанските политички парти и оние неалбанските, како и спроведувањето на Охридскиот договор, изјави Чејку по средбата со Ахмети.

Ёлидерот на ДУИ,  нагласил  дека земјата треба да ги продолжи реформските напори за да се создаде можност во декември да станеме дел од големото Европско семејство. Ахмети го поздрави ангажирањето на Амбасадорот Чејку и го извести околу последните политички збиднувања во земјава.

На средбата меѓу Чејку и Тачи било разговарано за последните политички случувања во земјава, при што албанскиот амбасадор ја поздравил конструктивната улога на ДПА и за соработката меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он