Ахмети и Коцијас размениле мислења и идеи околу спорот за името

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) се залага за изнаоѓање на што поскоро компромисно решение за спорот за името со Грција и интеграција на Македонија во Европската унија (ЕУ) и НАТО, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска по средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коцијас во Атина, пренесе Макфакс.

Лидерот на ДУИ изјави дека по разговорите со Коцијас има впечаток дека кај грчката страна постои „подготвеност и добра волја во правец на изнаоѓање на компромисно решение“, и дека ова тој ќе го пренесе до своите коалициски партнери во Македонија.

Ахмети се надева дека добрата волја за решавањето на овој спор ќе биде споделена и од двете страни, додавајќи дека на средбата со Коцијас биле разменети „мислења и идеи“, пренесува Канал 5.

Ахмети за време на својата посета на Атина беше придружуван од страна на вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и вицепремиерот за спроведувањето на рамковниот договор Муса Џафери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик