Ахмети и Бејли разговараа за реформите и за ЕУ интеграциите на Македонија

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Како што соопштија од партијата, Ахмети и Бејли размениле мислења за актуелната постизборна состојба во земјата, системските реформи и Евроатлантската интеграција на земјата.

„Претседателот Ахмети нагласи дека ДУИ е целосно определена да ги поддржи и предводи реформите во судството, системските реформи заедно со владеењето на правото и процени дека сите наши енергии треба да се фокусираат во оваа насока, сега по завршувањето на изборите“, соопштија од ДУИ.

Ахмети и Бејли разговарале и за патот на Македонија кон НАТО и ЕУ, со што, Ахмети рекол дека односите со Атина и Софија добиваат многу конструктивна димензија и соработка во духот на надминување на пречките и споровите.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата