Ахмети го уверувал Волерс дека реформите во образованието се прогресивни

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, како што соопшти ДУИ, вчера  се сретна со американскиот амбасадор Пол Волерс.

Ахмети и Волерс разговарале за политичките случувања во земјата и регионот, спорот за името и евроатланската интеграција, опозицијата и за следната соработка на ДУИ со американските власти во пресрет на заминувањето на актуелниот амбасадор и доаѓањето на новиот амбасадор Џес Бејли.

Реформите во образованието се прогресивни и повеќе од потребни со цел да се зголеми квалитетот, особено при подготовката на идните наставници, ова претседателот на ДУИ, Али Ахмети му го соопштил на амбасадорот на САД во заминување, Пол Волерс

Соговорниците се согласиле дека главен предизвик на Македонија е решавањето на спорот за името и интегрирањето на државата во НАТО.

„ Ова прашање зазема важно место во американската политика бидејќи САД се најголемиот поддржувач на интеграцијата на Македонија во Евроатлантските структури. Ахмети го увери амбасадорот Волерс дека ДУИ ќе ја продолжи соработката со официјален Вашингтон кон остварувањето на нашата заедничка цел, но исто така ги покани САД да ги интензивираат напорите оваа пролет бидејќи тие се вистинскиот пријател на земјата и регионот и дека без интервенција на Вашингтон, тешко се решава овој проблем“, се вели во партиското соопштение.

 

Ахмети рекол дека опозицијата треба да се врати во Парламентот и „да придонесе во овие тешки времиња за иднината на земјата“.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски