Ахмети го спореди Крушевскиот манифест со Охридскиот договор

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, го одбележа Крушевското востание од 2 август 1903 година со објава на неговата официјална страница на Фејсбук, соопштија од ДУИ.

– Востанието од 2 август и Крушевската Република, кое денес го одбележуваме, треба да се изучува многу повеќе од историчарите и да се разјасни неговиот целосен карактер, во неговото писмо и дух. Рамномерното споделување на востаничките и управувачки одговорности пред 117 години треба да послужи како модел за отстранување на хегемонистичките обременувања и примеси, кои што се повеќе заоѓаат, во врска со заедничките напори за слобода и подобар живот во заедничката земја, напиша на ФБ Ахмети.

Крушевскиот манифест од 1903 година, објави на Фејсбук Ахмети, е обединувачка дефиниција за заедничка држава исто колку и Охридскиот договор во 2001 година.

– Наметнатите предрасуди сè уште постојат и денес, и претставува обврска за сите нас да работиме кон нивно отстранување со презентирање и прифаќање на неискривената вистина за сите тековни и историски процеси на нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна земја, напиша Ахмети на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он