Ахмети ги кани Гаши, Касами, Села и Тачи на средба на годишнината од Рамковниот договор

Од:

На годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор, в четврток – 13 Август 2020 година, претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по оддржаните предвремени парламентарни избори на 15 јули ги кани на заедничка средба парламентарните политички партии на Албанците.

Поканети се лидерите на Алтернатива Африм Гаши, Билал Касами на Беса, Зијадин Села – АА и Мендух Тачи – ДПА.

Средбата, како што најавија денеска од ДУИ, би се одржала со почеток во 12:00 часот, во хотелот Парк во Скопје.

– Се надеваме дека поракава ќе ве најде здрави и добри. Ве молиме да не информирате околу вашата подготвеност за оваа заедничка значајна средба, стои во поканата.

Би можело да ве интересира

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Ахмети и Реџепи потпишаа коалиција: „Европскиот фронт“ ќе биде носител на промени, „да“ за ЕУ, „не“ за Русија

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов