Ахмети-Гарет: Да се постигне достоинствен компромис со Грција во врска со спорот за името

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, при што разговараа за политичките активности во земјата и регионот, законот за јазиците, за состанокот на претседателството на ДУИ, како и за евроатланската интеграција на земјава.

Ахмети истакнал дека со усвојувањето на Законот за јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот договор, кој е загарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, соопшти ДУИ.

– Општеството и политичките лидери треба да продолжат со посветеноста кон усвојување и спроведување на системските реформи како и да се постигне достоинствен компромис со Грција во врска со спорот за името, е оценето на средбата.

Било констатирано дека од услехот на овие две прашања зависи нашиот пат кон ЕУ и НАТО кој овозможува одржлив мир, безбедност и стабилност, но и благосостојба и економски развој.

Ахмети го запознал британскиот амбасадор дека ДУИ заокружила едно поглавје од нејзината политичка активност и почнала да ја гради утрешнината на партијата, се наведува во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата