Ахмети: ДУИ работи на создавање на нови албански кадри

Од:

Демократската унија за интеграција вчера одржа предизборна средба со дел од жителите на општинскиот центар Теарце. Претседателот на ДУИ и носител на листата од оваа партија во шестата изборна единица Али Ахмети потсети дека днешната предизборната кампања ја почна во липковско каде  лично се уверил во проектите што ги остварила ДУИ, како амбулантата што порано ја немало и многуте прокети реализирани во Никуштак.

-Нашата партија работи и на создавање на нови албански кадри кои сега се функционери во повеќе ешалони од власта. Ние одиме напред, ние не сме ограничени. Ние постојано работиме во интерес на граѓаните. Сега моментално најголем проблем во албанскиот политички блок е што се цепка албанскиот глас. Знаете дека има многу албански партии. Јас немам ништо против тоа. Но до нив неколку пати сум апелирал да се обединат и нека го победат ДУИ но не вака разделени и необединети. Власта не може да биде вечна но албанството останува и затоа треба да бидеме пообединети, истакна Ахмети и апелираше да гласаат за ДУИ.

Пред присутните лидерот на ДУИ потсети дека тие многу направиле за подобрување на животниот стандард во западна Македонија.

-Се отвори индустриската зона во Тетово. Таму работат странски фирми. Само во една компанија наскоро ќе има вработено 2.000 луѓе. За неколку години бројката на вработени ќе надмине над 10.000. Само вака можеме да придонесеме да не се отселуваат младите Албанци, рече Ахмети.

На митингот на ДУИ во Теарце пред присутните се обратија и шефот на изборниот штаб на оваа партија во општина Теарце Бесник Елези, претседателот на огранокот на ДУИ во оваа општина Шабан Мемети, градоначалникот на општината Исен Асани и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу кој е по потекло од ова тетовско село.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ