Ахмети: Доколку се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции

Од:

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право господин Груби го има во одлуката на Стејт депарментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект (Демократската унија за интегација), ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска, изјави денеска лидерот на ДУи Али Ахмети.

На новинарско прашање доколку му се утврди вина, дали ќе биде отстранет од партијата, Ахмети рече дека Груби е совесен и одговорен и дека нема потреба партијата да го отстрани, туку дека тој сам ќе се повлече од сите партиски функции.

– Господинот Груби е член на ДУИ, личност која четири години ја водела Владата на Република Северна Македонија. Секој член на ДУИ има обврска, без разлика на која функција се наоѓа, на повисоките или пониските нивоа да ги спроведе платформата и избирачката програма на ДУИ, рече Ахмети.

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави воведе санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според Секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот.

Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.

Би можело да ве интересира

Со испитување на вештото лице Анита Поповска, продолжи судењето за „Државна лотарија“

Продолжува судскиот процес за „Државна лотарија“

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите