Ахмети: Договорот со Грција не смее да пропадне

Од:

Посебен придонес во потпишувањето на Преспанскиот договор има и албанскиот политички фактор во Република Македонија, нагласи денеска лидерот на Демократската унија на Албанците Али Ахмети на свечената Академија по повод Денот на aлбанското национално знаме и прогласувањето на независноста на Албанија. Додаде дека треба да се затворат многу процеси во Македонија како и договорот со Грција кој не смее да биде само архивиран и заборавен.

Ахмети во својот говор потсети и на опасностите од неуспехот на договорот од кој може да зависи и стабилноста на регионот.

– Има и такви кои работат да не успее овој договор, но немаат простор и не треба да се дозволи тој да пожолтува во архивите. Со неуспехот на договорот нема да има мировен процес, ниту интеграција во НАТО и ЕУ, но исто така нема да успее многу важниот процес за зацвстување на мирот и стабилноста во јужна Европа и целиот Балкан, истакна Ахмети.

Присутните ги поздрави и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери кој рече дека историјата на Албанците е тажна исто како и на други народи бидејќи не се обединети во една земја. Џафери потенцира дека сега Албанците имаат цел да бидат дел од Европа.

На свечената академија која започна со интонирање на химната на Република Албанија присуствуваа министри и пратеници од Македонија, Косово и Албанија, амбасадори и голем број гости.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Ахмети му пишал на Мицкоски: Последните одлуки на Уставниот суд предизвикаа загриженост кај сите граѓани

Таравари: Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок