Ахмети – Де Грот: Реформската агенда бара дела, а не ветувања

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на ДУИ во Тетово се сретна со Роберт Де Грот, државен директор за европска соработка во Министерството за надворешни работи на Холандија и холандскиот амбасадор во Македонија, Ваутер Пломп.

На средбата, како што информираат од ДУИ, се разговарало за политичката криза во Македонија, последните случувања, како и понатамошните чекори за консолидација на државата и институциите.

Ахмети го запознал Де Грот за конкретните чекори кои ги презема ДУИ за враќање на Собранието, за одложувањето на изборите закажани за 5-ти јуни, а иницира измени во Законот за аболиција со што се овозможува претседателот Иванов да ја повлече одлуката, но исто така на помилуваните им се овозможува да бараат повлекување на простувањето со кој претседателот е должен да постапува.

Во однос на олеснувањето на работата на Државната изборна комисија за прочистување на Избирачкиот список и исполнување на законските услови за спроведување на веродостојни избори, Собранието итно донесе неколку закони и ова ја докажува нашата сериозна посветеност за спроведување на реформите во согласност со обврските што произлегуваат од Договорот во Скопје, итните препораки на Европската комисија, извештајот на Прибе и пристапниот дијалог на високо ниво со Европската унија.

– Ахмети истакна дека пред нас имаме многу амбициозна реформска агенда во согласност со Договорот во Скопје, приоритетите на Европската комисија, извештајот на Прибе и високиот пристапен дијалог бидејќи сите овие ќе овозможат реформи на системот и спроведување на веродостојни парламентарните избори, стои во соопштението од ДУИ.

ДУИ, како што се додава во соопштението, вoди автономна политика во интерес на албанската заедница и на државата во согласност со евро-атланската агенда и не е инструмент ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ.

Ахмети на средбата истакнал дека очекувањата на меѓународната заедница се дела, а не ветувања и дека го разбираат тоа и дејствуваат во согласност со очекувањата на меѓународните пријатели.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија