Ахмети: Да не дозволиме прашањето за името да се бирократизира или потитизира

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за медиумите кажа дека прашањето за името е проблем што бара решение, бидејќи е пречка на зачленувањето во НАТО и ЕУ. Тој смета дека не треба медијаторски пристап во решавањето на овој проблем, туку посредникот Нимиц треба посилно да се ангажира со помош на ОН и сите пријателски држави.

– Не може да се дозволи ова прашање да се бирократизира или политизира или да се користи прашањето за референдум и можни бескрајни дебати во Парламентот за да се обесхрабри решавањето. Тоа треба да се реши со договор меѓу двете држави и двете влади како што беше во 90-тите години околу привремената референца. Се разбира дека тука треба да учествува и опозицијата за да се надминат разликите и да се ставиме во услуга на иднината, бидејќи минатото на Балканот воопшто е болно и мора да се решава, рече Ахмети.

Според него сегашната опозиција е заинтересирана за решавање на спорот со името, а ставот дека се за ЕУ и НАТО го реафирмирале и за време на Конгресот. Ахмети посочи дека треба да се видат разликите во ставовите и дека без опозиција не може да се реши ова прашање.

Лидерот на ДУИ рече дека комуницирал и со владејачките партии и со опозицијата и смета дека сите се за решавање на ова прашање.

– Како дел од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ беше усвоена декларација за подобрување на односите помеѓу Македонците и Албанците за да се тргне предрасудата дека ВМРО-ДПМНЕ е антиалбанска партија, рече Ахмети.

Ахмети ја коментираше и можноста за влегување на ДПА во Владата и посочи дека имало разговори на оваа тема и дека тие се отворени за соработка. Коментирајќи ги информациите и изјавите дека тој и ДУИ го уцениле премиерот Заев за излегување на Алијансата на Албанците од Владата, Ахмети рече дека не влијаел за тоа лидерот на партијата Зијадин Села да одлучи да излезе од владата.

Околу можноста за враќање на опозицијата во Собранието Ахмети рече дека Владата е отворена за сите кои сакаат да бидат дел од реформите и оти има комуникација меѓу Владата и опозицијата за враќање на опозицијата во Собранието и оти некои закони намерно се одложени, како што е Договорот со Бугарија, законот за јазици.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

Адеми: Бараме истрага за работата на безбедносните служби од 1945 наваму и проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции

ДУИ: Претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ДУИ: Се промовира реторика и практика што буди носталгија за опасни проекти како „српскиот свет“ со отворени проруски тенденции

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски