Ахмети: Бараме уште еден мандат за реализација на нашата платформа

Од:

Парламентарните избори за нас се многу важни. Ја бараме вашата поддршка за ДУИ да добие уште еден мандат со што ќе ја имплементира целата платформа која е предвидена, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вечерва на предизборен митинг во Арачиново, Скопско.

– Мандатот не го бараме да се спротивставвиме некому, туку за да го исполниме ветеното. На овие избори излегување со 1.081 проект што ги опфаќа сите населени места бидејќи сакаме албанскиот глас да се материјализира, а не да се злоупотреби, рече Ахмети.

Тој побара од присутните на 27 април да излезат на гласање без стравувања.

Ахмети се осврна и на Охридскиот договор, кој според него, исклучува можност за каква било маргинализација и мајоризација и ги зближува народите, овозможувајќи им на секоја од заедниците да ги развива својот јазик, традиција и култура.

– Ние треба да ги негуваме стандардите кои не водат кон Европа. Имаме многу услови за развој на земјоделството, индустријата и големи можности да ги поттикнуваме и поддржуваме сите потенцијални инвеститори во земјава. Не сме народ без ресурси. Тие треба да се бараат и користат. Не бараме глас за нешто неостварливо туку поддршка за нашата платформа за имплемернтација на реални работи, рече Ахмети пред жителите на Арачиново.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче