Ахмети: Албанците се над 30%, нема да дозволат да бидат слуги во својот двор

Од:

Синоќа, на голем собир во Арачиново, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги заокружи мобилизациските средби на партијата со говор исполнет со силни пораки за еднаквост, партнерство и заштита на темелите на мултиетничката држава.

Ахмети испрати јасни сигнали до оние кои се обидуваат да ја вратат државата назад.

„Ние не ја носиме државата со себе– ние имаме право да ја водиме, тоа ни припаѓа! Албанците се над 30%, живеат континуирано на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста!“ – изјави Ахмети, отфрлајќи ги стравовите дека Албанците наводно „ја преземаат државата“.

Во центарот на неговиот говор беше јавниот повик до премиерот Христијан Мицкоски, од кого Ахмети побара директни објаснувања за политики кои го загрозуваат соживотот и мирот.

„Од овој собир во Арачиново, јавно му се обраќам на Христијан Мицкоски со барање да им објасни на албанските граѓани:

Зошто го менува Законот за употреба на јазиците?
Зошто го менува Охридскиот Мировен Договор?
Зошто го загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на државата?“

Говорејќи за обидите за поделба меѓу Албанците и нивно заменување со т.н. „чесни Албанци“, Ахмети предупреди на враќање на опасни идеологии:

„Знаете ли кој ја користеше филозофијата за ‘чесните Албанци’? Милошевиќ! А секој што денес ја промовира таа идеја, ја оживува логиката која Албанците ја поразија“

Ахмети потенцираше дека Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“:

„Нѐ држеа потиснати, исплашени, протерани – но тоа заврши.

Денес, Албанците имаат три универзитети и илјадници професионални кадри.Ниту една сила не може да ја сопре оваа реалност!“

Зборувајќи за тенденциите кон едноетничка држава, Ахмети порача:

„Оваа држава повеќе не може да се води од само една страна. Не е во ничиј интерес да се загрози соживотот. Оние што му служат на злото, не можат да бидат наши партнери!“

Во завршницата, лидерот на ДУИ повика на мир, обединета Европа и слободно движење, спротивставувајќи се на идеите за „големи држави“ со визија за регионална интеграција:

„Ние не бараме Голема Албанија, ниту Голема Србија, ниту Голема Бугарија – туку Голема Европа без граници, како што направија Германија и Франција. Западен Балкан обединет во Брисел, во мир и конечно помирување!“

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Манасиевски: Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци

Предраг Петровиќ

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна