Ахмети: 119 години од Крушево до денес, заедно застанавме околу вредностите на слободата, еднаквоста и мирот

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес им го честиташе празникот Илинден на граѓаните на земјата, нагласувајќи ја важноста на заедничкото востание од 1903 година кое ги обедини граѓаните на земјата околу виталните каузи за слобода, еднаквост и мир.

Ахмети потсети на 119 годишното патување на земјата низ предизвици од Крушево до денес, нагласувајќи дека станавме пример за создавање мир и остануваме решени да го надминеме следниот предизвик, интеграцијата во Европската Унија.

„Пред 119 години, патот до слободата ќе започне од Крушево, долго, но триумфално патување, предизвик по предизвик, благодарение на подготвеноста на многу генерации на ова подземје да застанат заедно околу вредностите на слободата, еднаквоста и мирот.

Инспирирани од тоа заедничко востание во 1903 година, заедно не дозволивме наша општествена декаденција, ги поразивме идеологиите на поделби една по друга во дискриминаторските системи, за да ги изградиме со Охридскиот договор темелите на еднаквоста како што доликува на една демократска земја и како што почнавме пред 119 години.

Сега, благодарение на сите тие храбри процеси низ кои поминавме, ние сме земја членка на НАТО, пример за мировни процеси и решени заедно да го продолжиме ова вековно патување на победите кон интеграција на земјата во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он