Аголи за „А1он“: Доктор беше заразен па се проверивме и ние, не се плашам за мене туку за мајка ми

Од:

Докторот Арбен Аголи, педијатар од Дебар кој е заболен од коронавирусот заедно со уште еден доктор и три медицински сестри, за „А1он“ вели дека немал никакви симтоми, а тестиран бил откако претходно позитивни биле тестовите на неговиот колега кој работел во дебарската болница. Аголи вели дека состојбата со коронавирусот треба да се сфати сериозно, бидејќи не е шега, а посебен апел упатува до младите.

„Јас се чуствувам одлично. Добар сум. Немав никакви симтоми. Практично, имав контакт со колега кој прв беше позитивен на коронавирусот. Тој имаше контакт со пацинетите во болницата. Ние сме педијатарска амбулната, каде работиме јас и три медицински сестри. Никој од нас немаше симтоми и тоа е чудната работа. Докторот кој беше прв заболен ми се жалеше дека нема апетит, беше ‘овенет’, јас му реков ‘Докторе, ајде направи еден тест, провери се’, тој не сакаше. Потоа направи и беше позитивен. Затоа се тестирав јас и медицинските сестри“, објаснува докторот Аголи за „А1он“.

Запрашан дали позитивниот тест на коронавирус му предизвикува страв, тој вели „Мене не, но се секирам за мојата мајка која е постара, има над 80 години и пие куп лекови. Веднаш преземав мерки за неа, носи маска, се храни посебно и така натаму. Но, не се секирам за жена ми, синот снаата. Само за мајка ми, поради нејзината возраст“.

Тој денеска ја затвори неговата ординација на 14-денови. Во текот на утрешниот ден ќе треба да се одлучи дали тој и медицинските сестри ќе се лекуваат во домашни услови или во болницац. Аголи вели дека најверојатно ќе биде домашен третман, но одлуката ќе ја донесат здравствените власти.

„Ја затворив ординацијата, утре ќе разговараме со инфектологот, по што ќе се одлучи за третманот. Најверојатно ќе биде домашен третман, бидејќи ние сме медицински лица и знаеме што значи зараза. Ќе одиме во болница на проверка, тоа секако. Но, да не преудицирам, одлуката ќе ја донесат здравствените власти“, вели Аголи.

Докторот Аголи побара од младите, но и останатите граѓани состојбата со коронавирусот да ја сфатат сериозно. Тој за „А1он“ раскажа и за пораки кои ги добивал на социјалните мрежи, каде тие за коронавирусот сметале дека е измислица за бизнис и пари

„Група млади лица од Сарај, на социјалните мрежи ми пишуваше ‘Докторе, што се секираш, ова е измислица за пари’, а јас им вратив да бидат внимателни и дека ова не треба и не смее да се занемари. Им кажав да внимаваат, ситуацијата да ја сфатат посериозно, а за тоа дали е бизнис друг да мисли. Таквиот однос за мене беше крајно изненадувачки“, вели Аголи за „А1он“.

Докторот за позитивните резултати по тестирањето за коронавирус објави на социјалните мрежи. Тој и медицинските сестри од неговата ординација беа првите кои објавија фотографија на социјалните мрежи со натпис „Ние сме на работа, вие седете дома“, која потоа беше масовно споделувана по социјалните мрежи, а гестот поздравен од пошироката јавност.

Докторот Аголи и неговиот персонал, преку социјалните мрежи во изминатиот период постојано упатува апели да се седи дома со цел превенција од вирусот.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари