Агенцијата за лекови тврди дека инсулинот е безбеден

Од:

Агенцијата за лекови и медицински помагала („Малмед“) донела решение со кое се дозволува дистрибуција на инсулин во земјава од последната пратка која дистрибутерот ја увезе кон крајот на ноември. Од Aгенцијата информираат дека во рамките на своите надлежности и активности, по доставено известување од страна на дистрибутер за пристигната пратка на инсулини, инспекцискиот тим на „Малмед“ спровел инспекциски надзор. При тоа инспекторите во тек на два дена направиле детален инспекциски надзор над секое поединечно пакување и зеле соодветни примероци за понатамошни испитувања.

При првичниот инспекциски надзор, преку читање на дата-логерите утврдено е дека производствената локација, наведена на надворешното пакување не е пријавена соодветно во Македонија поради што беше побарано од дистрибутерот да ја дополни документацијата. Подоцна за истиот пропуст е поведена прекршочна постапка. По комплетирањето на целосната документација, пристапено е кон понатамошни лабораториски испитувања на квалитетот на донесените серии инсулин во акредитирана лабораторија за испитување и контрола на лекови.

„Агенцијата на почеток од декември, водена од првичните неусогласености на документацијата со фактичката состојба на инсулините, достави првична информација до Министерството за здравство дека покрај комплетни лабораториски испитувања ќе спроведе и дополнителни мерки со кои ќе се утврди следливоста на сериите лекови кои беа предмет на испитување. Временската проценка за комплетирањето на целокупните испитувања беше 20 до 30 дена. Информацијата беше со цел Министерството за здравство врз основа на своите согледувања на постоечките состојби да преземе соодветни мерки за да овозможи напречено снабдување. Во меѓувреме обезбедени се стандардни супстанции неопхподни за спроведување на испитувањата за контрола на квалитетот на инсулините, и тоа директно од производителите. Во соработка со производителите потврдена е следливоста на целиот дистрибутивен синџир на сите увезените серии преку интерен систем на производителите. Во акредитирана лабораторија спроведени се соодветни квалитативни и квантитативни анализи за проценка на квалитетот. Контактирана е и турската агенција за лекови, од каде што се побарани дополнителни информации. Сите преземени активности и резултатите од истите дадоа потврда за задоволување на безбедноста и квалитетот на испитуваните лекови. Поради тоа во текот на денешниот ден е донесено решение за пуштање во промет на испитаните лекови и серии“, се вели во соопштението.

Агенцијата за лекови и медицински средства информира дека и понатаму ќе продолжи максимално професионално да ги извршува своите активности, притоа согласно со професионалните стандарди на работење, со информации ќе излегуваме секогаш по добиени резултати од испитувања. „Спроведувањето на законските надлежности на „Малмед“ не смее да се доведува во корелација со предизвикување криза во снабдувањето со лекови во Македонија. Уште еднаш апелираме доставувачите навремено да ги обезбедуваат потребните количини инсулини и тие количини да бидат за подолг временски период од еден месец за да можеме да ги спроведеме сите потребни испитувања“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Меџити: Двоцифрен број нови лекови на позитивна листа многу брзо

Вработени во МАЛМЕД сведочеа пред собраниската Анкетна комисија за работењето на Онкологија

Бекироски: МАЛМЕД не е надлежен за случајот „Онкологија“

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО: Да се изберат тројца онколошки пациенти кои ќе имат увид во целата постапка

А1он

Нов протест со шест барања и ултиматум за скандалот на Онкологија

А1он