Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Од:

Директорот на Агенцијата за филм во 2021 година исплаќал хонорари од 15 до 60.000 денари за рецезенти кои чија работа не била предвидена со деловникот, а немало ниту критериум за нивното именување, покажа ревизијата на Државниот завод за ревизија.

„За вршење на работи од надлежност на Агенцијата, согласно член 18 став 2 од Законот за филмска дејност директорот на Агенцијата формира филмски совет, именува рецензенти, советници и други надворешни соработници. Во однос на нивното именување и активностите по конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документиран и анимиран филм за 2021 година го констатиравме следното:

– Согласно член 20 од Статутот, Агенцијата има донесено деловник за работа на филмскиот совет, но не е спроведена постапка за предлагање и донесување на деловник за работа на филмските рецензенти и деловник за работа на финансиските советници и тоа во рок од 30 дена од изборот, како што е предвидено во член 23 од Статутот на Агенцијата, донесен во февруари 2014
година.

– Именувањето на филмските рецензенти, потребните квалификации кои истите треба да ги поседуваат согласно видот на проектот, рокот за изработка на рецензијата, број на рецензии за кои се ангажира истиот и висината на надоместокот согласно видот на проектот и степенот на ангажираност не е уреден со одредбите од ЗФД или со интерен акт на Агенцијата.

Директорот на Агенцијата за 2021 година именувал 5 филмски рецензенти за двата рока на одлучување кои биле ангажирани со различна динамика и на кои им биле исплатени надоместоци во различен износ кои се движеле од 15 до 60 илјади денари на месечно ниво“, стои во извештајот на ревизорите.

Би можело да ве интересира

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

A1on

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

A1on

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

A1on

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

A1on

Апаратите за магнетна резонанца не се искористени, нема доволно кадар – извештај на ревизорите