Агенција за храна: Во ниту една торта од пријавената слаткарница не е најден стиропор

Од:

Во ниту една торта од пријавената скопска слаткарница не е најден стиропор, соопшти попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по извршените инспекциски контроли.

Според АХВ, инспекциските служби ниту по направената контрола на готови торти кои имаат фигури на површината, не нашле какви било отстапувања. Не е утврдено присуство на стиропор, ниту во тортите, ниту во фигурите.

– По извршениот инспекциски надзор, постапувајќи по претставка од граѓанин со наводи дека делови од торта биле направени од стиропор, АХВ во моментот на надзорот не констатира отстапувања во поглед на безбедносните критериуми. Во ниту една торта не е најден стиропор кој се користел како репроматеријал во производството на торти, наведува АХВ.

Како што информира Агенцијата, констатирано е дека при производството, во дел од тортите се користени чепкалки и дрвени стапчиња за прицврстување на фигурите.

– Станува збор за материјали кои доаѓаат во контакт со храна за кои се доставени на увид и валидни мислења за материјали кои доаѓаат во контакт со храна, издадени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Производителот на торти каде е спроведена контролата има обезбедено и соодветно означување на пакувањето на готовите производите со посебна нотификација „Фигурите на тортите не се за јадење“, нагласува АХВ.

Би можело да ве интересира

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Бактерии пронајдени во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во средно училиште во Италија: Протекла непозната супстанца во воздухот, има затруени

Горан Наумовски

Родители на деца со симптоми на труење велат јаделе пилешки стек, АХВ времено затвори седнвичара во Штип

Минималната синдикална кошница за месец септември изнесува 65.077 денари