Агелер: За Рамиз Мерко има цврсти докази, а и други функционери ќе завршат на црната листа

Од:

Амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер откри дека постои листа со имиња кои се разгледуваат и за нив се собираат докази.

„За Рамиз Мерко има цврсти докази дека е дел од корупција. Овој процес се спроведува со големо внимание. Ова лице и неговото семејство им е оневозможен влез во САД. Се врши ревизија на сите докази на се што е утврдено и има една листа на имиња кои се во процес на ревизија и разгледување, откако ќе биде утврдени сите факти тогаш се носи одлука“, рече Агелер.

Амбасадорката не знае кога ќе завршат овие процеси, но рече дека САД ги спроведува со големо внимание затоа што народот има право да им верува на своите функционери.

„Не би можела да кажам кога ќе завршат сите овие процеси. Ќе има и други најави, но не можам да кажам кога. Ова е процес кој се спроведува со големо внимание. САД пристапува со големо внимание кон овој процес. Народот во Македонија треба да има право да им верува на избраните функционери“, изјави Агелер.

Таа вели дека со објавувањето на имињата и забраната за влез во САД завршува нивната работа.

„Ние не можеме да кажеме што понатаму,  нашата работа со објавување на имиња и забрана за влез во САД завршува. Владата и судството треба да преземат мерки, но ние ќе продолжиме да соработуваме со тие кои имаат волја да соработуваат со нас“, додаде Агелер.

Би можело да ве интересира

Додик: САД ги брише Србите од „црната листа“

Левица: Дали „универзитетот” на Мерко е легализирана дивоградба со намена семејна куќа?

Катерина Ѓуровски

Две години условна и 2.500 евра парична казна за Рамиз Мерко

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Мерко денеска на две рочишта за незаконско поставување директори во училишта во Струга и во Велешта

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

А1он