Африм Гаши претседател на Алтернатива и во следните четири години

Од:

Африм Гаши ќе биде претседател на Алтернатива и во следните четири години откако денеска на првиот Конгрес на партијата ја доби довербата од делегатите.

За изборот на Гаши за нов претседател на Алтернатива гласаа мнозинство од присутните делегати на Конгресот.

„На демократски начин Конгресот одлучи да ми довери нов четиригодишен мандат. Тоа е огромна чест и одговорност истовремено, им благодарам на сите членови на Алтернатива. Истовремено сакам да биде ова успешен мандат не само за активистите и гласачите на Алтернатива, туку и за сите граѓани. Мислам дека денеска Алтернатива станува еден од најсериозните политички субјекти во државата, со намера да допринесе во севкупните политички процеси во државата, како еден од најконструктивните, најотворените субјекти во државата кои мислат државотворно и сакаат да допринесат за добробитот на сите во државата“, изјави претседателот Гаши по завршувањето на Конгрес на партијата.

Конгресот денеска ги усвои и Статутот, како и новата програма на партијата за периодот 2022 – 2026. Делегатите со мнозинство гласови ги избраа и новите членови на Централниот одбор.

Би можело да ве интересира

Гаши: Постапка за одземање имунитет може да почне само со официјално барање

Горан Наумовски

До спикерот Гаши доставено барање за укинување на имунитетот на Јанчев

Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Гаши: Да инвестираме повеќе во образование, наука и толеранција

Горан Наумовски

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски

Гаши: Сите учесници на изборите да се воздржат од секоја форма на притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси