Аферата околу местењето на „Скопје-фест“ заглави во Обвинителството

Од:

За скандалот со местењето на телефонското гласање на фестивалот „Скопје 2014“, што се случи во ноември минатата година, на кој се избира наш претставник за песна за „Евровизија“, јавниот обвинител што го води случајот, најверојанто ќе бара нови шест месеци за финализирање.

Законскиот рок до кога треба да биде завршена истрагата истекува за еден месец, а од Обвинителството за „Мета“ велат дека сè уште биле во тек истражните дејства.

Изборот на песна за „Евровизија“, на кој ќе нè претставува Даниел Кајмакоски, ќе се одржи во Виена, на 19, 21 и на 23 мај.

Според дописот што ни го испратија од Обвинителството, „поради обемноста на доказите“, надлежниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција може да побара продолжување на рокот за шест месеци.

Во полициската акција во ноември, беа запленети околу 2.000 СИМ-картички, од трите мобилни оператори, и десетици мобилни телефони преку кои се гласало на фестивалот, а како организатори беа осомничени четири лица.

“>skopski festival 2014 skandal

Полицијата заплени околу 2.000 СИМ-картички, од трите мобилни оператори и десетици мобилни телефони

Оттогаш, за случајот и за текот на истрагата, околу тоа кој учесници на фестивалот биле фаворизирани со местењето на гласовите, повеќе немаше никакви нови информации, ниту од Обвинителството, ниту од МВР.

– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција продолжува со истражните дејства во врска со нерегулaрнoстите при глaсaњетo нa „Скoпскиoт фестивaл“ минатата година. Се чекаат резултати од вештачењето на доказниот материјал. Со оглед на обемноста на доказниот материјал, истрагата не е завршена и таа, во согласност со законот, трае шест месеци. Доколку има потреба, за спроведување на истражните дејства, надлежниот јавен обвинител има право да побара од Јавниот обвинител на Република Македонија продолжување на рокот за уште шест месеци – велат од Јавното обвинителство.

Од Обвинителството нема конкретен одговор на прашањето дали сите првоосомничени во случајот дале исказ пред надлежниот обвинител за кривичните дела за кои се товарат.

– Надлежниот јавен обвинител оценува кога и во која фаза ќе ги повика осомничените на распит – велат од Обвинителството за „Мета“.

Полицијата ги откри вмешаните во скандалот веднаш по завршувањето на манифестацијата, која се одржа на 12. ноември минатата година.

Како организатори на групата што имала намера да ги намести резултатите од гласањето, полицијата ги осомничи Ј.Ј., композитор и автор на песни, К.С. и И.С. од позната продуцентската куќа „План Б“ и Б.В., сопственик на фирмата „Видекс“, која го организираше телефонското гласање. Тие се осомничени за злосторничко здружување и за компјутерска измама.

Тројца од нив беа приведени во полициска станица, каде, како што информираа од МВР, се бранеле со молчење, по што беа пуштени на слобода. Четвртиот од групата, Ј.Ј. беше надвор од државата, односно на студиски престој во САД, како што тогаш пренесоа медиумите.

Како што истакна тогаш помошникот-министер за односи со јавност на МВР, Иво Котевски на прес-конференција, целта на организаторите била „да влијаат на резултатите од гласањето, односно на првите три места за кои вкупниот награден фонд, обезбеден од Министерството за култура, изнесува 45.000 евра“.

Првото место на фестивалот го освои Даниел Кајмакоски, со што стана македонски претставник за изборот на песна за „Евровизија“, а втората награда ѝ припадна на Тамара Тодевска.

Еден месец по скандалот, со соопштение за случајот се огласи Обвинителството, во кое беше наведено дека првите две места биле освоени со регуларни гласови.

Извор: МЕТА

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски