Аерозагадување во Скопје, Тетово, Битола и Кочани

Од:

Во скопските општини, во Битола, Тетово и Кочани утрово е загаден воздухот. Мерните станици покажуваат концентрации на ПМ10 честичките од 120 до 230 микрограми на метар кубен.

Во Центар се измерени највисоки концентрации од 230 микрограми, во Лисиче 215, Тетово, 200, Карпош 170, Ректорат и Миладиновци по 150, Кочани 120 и битола 100 микрограми.

Загадувањето, односно концентрациите се повисоки во попладневните часови и во текот на ноќта. Така во Тетово максимално се измерение 553 микрограми, во Карпош 400, Центар 350, Лисиче 320, Ректорат и Миладиновци по 250, Битола 200 и Кочани 144 микрограми на метар квадратен.

Во случај на надминување на максимално дозволените концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 пет последователни дена со среднодневни концентрации над 50 mg/m3 се препорачува користење јавен превоз, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал и правилно користење на печките на дрва.

Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација  – деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Градот Скопје во насока на намалување на загадувањето почна со третирање на градските улици со средството калциум магнезиум ацетат.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов