Аеродромци ќе го тужат „Паркови“ оти три години не исекле дрво кое падна во невремето од вторникот

Од:

Жители на Аеродром, на булеварот Јане Сандански во близина на градинката „Срничка“ се организираат да го тужат Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ оти три години не исекле едно од дрвјата кое во невремето во вторникот, паднало. Големото дрво и денес, три дена по невремето, не беше кренато. Жителите го заобиколуваат, го сликаат и насекаде бараат помош просторот да биде  расчистен.

„Ќе тужиме оти имаме испратено барање до Град Скопје за сечење на дрвото, истото е одобрено и има решение за сечење издадено во 2019 година. Во решението наведено е дека ‘Паркови и зеленило’ во рок од 30 дена треба да го исечат. Во образложението стои дека е утврдено дека се работи за големо и старо дрво за кое има опасност да падне и да направи штета. Во август 2022 година дрвото не е исечено и покрај милион јавувања од наша страна до ‘Паркови’“, велат аеродромци.

Откако во вторникот падна дрвото, велат дека неколкупати се јавиле во „Паркови“ да дојдат да го соберат.

„Утрово се појавија неколкумина работници. Исекоа некои помали гранки и си заминаа. Рекоа дека немаат опрема да исечат толкаво дрво. Затоа ќе добијат тужба. Викнавме и полиција и за се има записник“, револтирани се аеродромци.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ не одговорија на прашањата за паднатото дрво и причините поради кои не го исекле уште пред три години кога Град Скопје утврдил дека постои опасност да падне и да нанесе штета. Тие во средата преку соопштение известија дека во невремето низ Скопје паднале 119 дрвја, без оние во Градски парк и дека на нивно расчистување работат 100 работници со седум камиони и две платформи по приоритет се до расчистување на сите локации.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско