Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Од:

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036 година, кој вели дека во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија.

Менкиновски на денешната прес-конференција изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и истакна оти обвинението е сериозно, но е донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка. Забраната му била врачена на 6 март на влез во Бугарија.

– При преминување на границата луѓето кои работеа таму не можеа никако да го поминат мојот пасош. Ме замолија да ја тргнам мојата кола на страна и притоа ми кажаа дека од Софија добиле известување со кое мора да ме задржат бидејќи треба да добијат некои документи. После половина час чекање на граница ми ги доставија овие документи, ми удрија црн печат на пасошот, вели адвокатот Менкиноски.

Според него, оваа одлука е срам за Бугарија, но и за Европската Унија и смета дека со неа се врши заплашување на адвокатите и директно мешање во независноста на адвокатската професија.

Како што вели тој, наместо да ги спроведат одлуките на Европскиот суд за човекови права, Бугарите преземаат мерки кои можат да се толкуваат како притисок врз адвокат.

-Бугарија мора да ги имплементира сите 14 пресуди односно да го признае правото на Македонцитте да имаат свои клубови, своја политичка партија и свое идентификување. Сега ова е израз на немоќ сакајќи преку мене да покажат сила со тоа што не се дозволува влез на нивниот адвокат кој ги застапува пред Европскиот суд за човекови права, истакна на прес-конференцијата Менкиновски.

Тој посочи дека ќе ги искористи сите правни и институционални механизми за да ја оспори оваа одлука. Случајот ќе биде доставен и до Комесарот за човекови права, Европскиот парламент, ОБСЕ, и Обединетите нации, како и меѓународните организации кои ја следат состојбата со човековите права и независноста на адвокатската професија.

Нашата визија е јасна – образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, пора

Став за оваа информација денеска новинарите побараа и од премиерот Христијан Мицкоски.

-Немам информација дали тоа е точно и кои се причините ако е тоа точно. Но доколку е точно тоа е уште еден срам за демократијата кај нашиот источен сосед. Но, тоа е поголем срам за сите оние кои не веруваат во вистинските намери на политичарите од нашиот источен сосед. Јас навистина би се чувствувал засрамено да бев човек кој седи на иста маса и треба да споделува исти вредности со политичарите на нашиот источен сосед. Тука, пред се мислам на земјите-членки на Европската Унија, кои мислам дека треба да реагираат, доколку се потврди дека ова е точно, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на универзитетски кампус Мајка Тереза.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток