На „ТНТ“ му се заканува ново одложување, адвокат си зема одмор и покрај закажно рочиште во истиот период

Од:

Кривичниот суд ќе ја извести Адвокатската комора и Судскиот совет дека има обиди за постојани опструкции од страна на странки во постапката за одложување на судењата за предметот „ТНТ“. Оттаму го објавија и известувањето на адвокатот Јовица Страшевски кој го застапува ексградоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, преку кое најавува одмор од 8 до 17 јануари.

Судот на крајот од декември го премести рочиштето за ТНТ од 17 на 13 јануари, што значи Страшевски најавил дека нема да може да присуствува за рочиштето.

„Заради постојаните опструкции на поединци – странки во постапката, го објавуваме последниот допис кој вчера кон крајот на работното време беше доставен до судот. За последните случувања и обиди за одолговлекување на главната расправа насрочена за 13 – ти јануари 2020 година,  судот ќе ја извести  Адвокатската комора и Судскиот совет на РСМ“, се вели во сооптешнието на Кривичниот суд.

Страшевски пак, вината ја гледа во судот. Тој вели дека е во Маврово со неговите деца, а менувањето на датуми за рочиштата од страна на судот е нивни проблем. Тој негира дека се заканува на судот или пак, има намера да ја одолговлекува постапката.

„Јавноста беше присутна кога Ставрев ја закажа седницата на 17 јануари. Јас го замолив да ја одложи за ден-два, тој не прифати. Јас имам 4 деца, закажав да идам во Маврово додека тие се на распуст. Тоа што нив им текнало да менуваат датуми, не е моја вина. Тие секој две минути менуваат датуми, денови.. Ние имаме деца, не можеме да стоиме на закачалака. Јас знаев дека судењето е на 17 јануари и прифатив да бидам таму 17 јануари“, вели Страшевски за „А1он“.

Запрашан дали би присуствувал на рочиштето на 17 јануари, Страшевски одговори потврдно, додавајќи дека доколку не може, тој би испратил колега да го замени.

„Тие вчера се обида да прават притисоци. Ниту една изјава нема закана кон нив. Не гледам зошто тоа го прават. Тие прават притисок врз мене. Тие сакаат да ја префрлаат топката. Доколку на 17 не можам да дојдам, а 99,9% сум сигурен дека ќе дојдам, ќе пуштам колега да ме замени. На 13 јануари не можам да пуштам замена, бидејќи станува збор за долг период, а токму мојот клиент ќе треба да биде испрашан, а јас да го спремам“, вели Страшевски.

Претходно, Трајковски како клиент на Страшевски беше причина за одложување на главната расправа за случајот „ТНТ“, бидејќи беше натепан и остана во болница.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов