Адвокатот Јовица Страшевски кој го застапува Тони Трајковски во случајот „ТНТ“, по одложувањето на денешното судење рече дека неговиот клиент е веќе во подобра здравствена состојба.
Тој рече „мудро одлучи судјата“, запрашан за одлуката да не се раздвои постапката.
„Вчера по 20 часот здравјето му беше влошено. Беше однесен од сопругата и братот во Ургентен. Сега добив информација дека е во свесна, подобра состојба, но не е многу комуникативен“, рече адвокатот Страшевски.
За поротничката чиј мандат истекува, адвокатот смета дека на следното рочиште таа не може да биде дел од советот.