Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Од:

Адвокатот на обвинетите, Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2″ на СЈО, побара од судот одбивателна пресуда за неговите клиенти. Мендух Тачи не даде завршен збор и рече дека се сложува со завршниот збор на неговиот адвокат.

Исени рече дека обвинението на СЈО е поднесено од неовластен тужител, по начелното правно мислење на Врховниот суд.

„Сите дејствија можеле да ги преземат во рокот од 18 месеци од приемот на материјалите”, рече Исени. Адвокатот кажа дека до нив не е доставен записник за примопредавање на материјалите. Тој се повика на аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, со која беа амнестирани обвинетите. Исени рече дека иако аболицијата е повлечена, сепак произвела правно дејство, а се повика и на одлуката на Врховниот суд во Грција за неекстрадиција на двајцата обвинети, Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

„Обвинението се базира на бомбите кои се прибавени на незаконски начин. Ова не е доказ на кој може да се заснова пресуда”, рече Исени пред судот и дополни дека не била утврдена автентичноста на гласовите на неговите клиенти.

Во случајот „Титаник 2“, за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување се обвинети лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешните членови на ДИК: Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението на СЈО, Мијалков и Тачи се испазариле и успеале незаконски да биде поништено гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година. Во предметот беа обвинети и 5 управни судии, но Апелацискиот суд ги спаси од кривичен прогон.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски