Адвокатот на премиерот – Никола Додевски ќе ја застапува и државната ЕЛЕМ

Од:

Адвокатот на премиерот – Никола Додевски ќе ја застапува во судски спорови и државната ЕЛЕМ или Електрани на Македонија.

За оваа услуга ЕЛЕМ на адвокатот Никола Додевски ќе му плати 2.832.000 милиони денари со вклучен ДДВ или околу 46.000 евра.

Додевски ќе го застапува ЕЛЕМ за период од една година и според деталниот опис на услугата која ја бараат од АД Електрани, освен правни консултации, давања мислења и правни анализи адвокатот ќе ги застапува пред суд за случаи со поголемо значење за кои ќе одлучува Управниот одбор на ЕЛЕМ.

„Ангажирање на адвокат за давање на правни консултации, давање на правни мислења,вршење на правни анализи за потребите на Управниот одбор и застапување во предмети кои што според Управниот одбор се од поголемо значење“, стои на страната на јавни набавки под детален опис.

Договорот или рамковната спогодба е склучена на 4-ти ноември а огласот до бирото за јавни набавки е доставен вчера.

На огласот се јавиле пет понудувачи и не била користена електронска аукција преку која се намалува цената иако една од главните услови е најниска цена.
Никола Додевски го застапуваше премиерот Никола Груевски во случаите за навреда и клевета против претседателот на НСДП, Тито Петковски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

И во двата случаи судот одлучи дека е нарушен угледот и честа на премиерот.
На Тито Петковски судот му пресуди дека на премиерот треба да му плати 10.000 евра а судијата одлучи дека со изјавата лидерот на НСДП сакал да му наштети на угледот и честа на Никола Груевски.

Петсковски беше осуден зошто изјавил дека Никола Груесвки со писмо пратено до генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, го прифатил предлогот на Нимиц-Република Македонија (Скопје) непосредно пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма.

Никола Додевски го застапуваше премиерот Никола Груевски во судкиот процес за навреда и клевета против претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Првично Груевски од Заев за нараушување на угледот и честа преку неговиот адвокат Додевски бараше половина милион евра оштета. Во текот на процесот одбраната ја намали побарувачката по основ на оштета на 50.000 евра а судот пресуди дека нарушениот углед и чест на премиерот чини токму 50.000 евра.

Пресудата за Заев за нанесување душевна болка на премиерот, дојде по објавата на претседателот на СДСМ дека Груевски посредувал околу продажбата на Македонска Банка на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини.

Заев на пресконференција презентираше аудио снимка за која тврдеше дека гласот кој посредува при продажбата е на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов