Адвокатот на Јанакиески бара „бомбите“ да не бидат докази во ТНТ, бидејќи Рустеми е обвинител во ОЈО, а не во СЈО

Од:

Адвокатот Еленко Миланов, бранител на обвинетиот Миле Јанакиески во случајот „ТНТ“ бара во име на неговиот клиент, прислушкуваните разговори и транскрипти да не бидат дел од листата на докази.

Причина за ова наведе дека е поради тоа што предметот не го застапува обвинител од СЈО, туку од ОЈО. Миланов е дециден дека ќе се докаже оти Јанакиески како минисер за транспорт и врски немал ингеренции и надлежности за да може да го изврши делото кое му се става на товар.

„Ќе ви докажеме и ќе ве увериме преку содржината на доказите дека обвинетиот Миле Јанакиески со функцијата која ја имал како министер немал ингеренции и надлежности во она што овде му се става на товар. Овој суд по воведните говори и актуелната состојба на застапување на ова обвинение од обвинител од ОЈО треба и мора да одлучи во однос на законитоста на доказите од листата на докази на обвинителството, а тоа се транскрипти и разговори доставени на ЦД, со оглед дека во конкретниот случај не постапува јавен обвинител од СЈО кој што единствено може да ги користи тие докази без оглед на разликите на кој начин и во каква форма им се даде да во тој момент може да ги користат. Сметам дека сите разговори кои ги изведовте во минатата постапка, транскриптите од нелегалното следење на комуникации треба и мора во овој момент да ги отстраните од списите на предметот или воопшто почнувањето на воведните говори да ги одложите до моментот кога ќе биде донесен законот за ЈО во нова форма, па евентуално врз однова на решенијата кои ќе бидат официјални да може да одлучувате во однос на ваквиот предлог. Ќе докажеме дека единствениот документ кој што во смисол на овој обвинителен акт е потпишан од Миле Јанакиески е одлука по жалба на оние кои се наведуваат како оштетени во оваа постапка“, рече Еленко Миланов, адвокат на Миле Јанакиески.

Адвокатот Миланов побара да се одложи рочиштето на кое се даваат воведните говори поради одново отпочнување на постапката, се додека не се донесе законот за ЈО во нова форма.

Димитар Дангов како втор бранител на Миле Јанакиески, како неговиот колега посочи дека треба да се одложи рочиштето за ТНТ се додека не се постави нов, надлежен јавен обвинител.

„Во овој момент не постои овластен јавен обвинител или тужител што може да го застапува обвинението за ТНТ. Со почит кон колегата Бурим Рустеми, тој едноставно не е надлежен да биде присутен овде“, рече Дангов.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов