Наков до судијата за „Траекторија“: Почитувајте го законот, ништо друго не бараме

Од:

Димитар Дангов, еден од адвокатите на четворицата обвинети во случајот „Траекторија“, рече дека бара да се одложи судењето зашто го немал добиено записникот од 31 јануари. Тој кажа дека не може да се признесат за претходните решенија на судот бидејќи немаат утврден записник. Судијата Горан Бошевски констатира дека записникот не е изготвен но сепак судењето ќе продолжи, што беше окарактеризирано како своевиден преседан. Истото го побара и адвокатот Дончо Наков. Судот претходно ги одби и барањето на адвокатите, снимените материјали да се вратат на обвинителството, зошто не се вербален доказ согласно законот. Судот не одлучи и по барањето на адвокатот Дангов аудио снимките да бидат одбиени како доказен материјал со оглед на тоа дека биле објавени на интернет портали и се јавно соопштени согласно членот 347 став 1 точка 1 од законот за кривична постапка според која одредба тие докази се незаконски. Адвокатот Дангов бараше судот да одлучи по овој предлог кој втор пат се изнесува, а судот не одлучува.

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО рече дека би било несериозно да се произнесува по предлозите на адвокатите на обвинетите, бидејќи се доставуваат непосредно пред секое рочиште, а не неколку дена претходно.

„Истите предлози на одбраната се повторуваат постојано, а судот веќе се има произнесено“, рече Лиле Стефанова. Таа додаде дека предлози за доказите може да се доставуваат само во доказна постапка, а не пред почеток на главната расправа.

„Обвинетите ги имаат добиено сите докази, освен бомбите и смс пораките, но и тие им се достапни. Обвинетите можеа по три пати досега да ги преслушуваат бомбите“, им рече обвинителката на судиите. Според неа, ова е одолговлекување на постапката за истите околности постојано да се доставуваат нови предлози.

Адвокатот Наков побара судот да го почитува законот. Тој посочи дека секој ден бил во судот и барал записник од минатото рочиште, но записник немало.

-Како ќе пружиме правна помош без запосник? Законодавецот го определил ова право со цел и обвинителството и одбраната да се подготват. Како може да има рочиште без записник , посочи адвокатот Наков.

Тој побара одложување на рочиштето, зошто записникот е законска работа, а не помошно средство.

-Применете го законот, јас ќе се откажам од предметот доколку не обезбедите фер услови за судење, рече Наков.

Одбраната во случајот “Траекторија“ застапувана од адвокатот Дангов поднесе и експертиза и вештачење со кое се утврдува дека СМС пораките не може да се користат како доказен материјал во судската постапка и не можат да нудат уверување. Како што се тврди, судијата Горан Бошевски прифатил вештачење од компанија без лиценца каде управител е функционер на СДСМ и поранешен градоначалник, Димитар Бузлевски. Според информации од одбраната, вештачењето е правено од човек со средно образование, но сепак судијата го прифатил како релевантно иако и фирмата не можела да врши ваква дејност.

Во предметот „Траекторија“ се обвинети четворица поранешни владини функционери, осомничени дека во 2012 и 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Обвинети за злоупотреби во изградбата на автопатите се поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот премиер Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска