Адвокатите на Мијалков инсистираа да се гледаат снимките од парите пронајдени кај Бошкоски

Од:

На денешното продолжение на судењето за случајот „Тортура“ каде обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков заедно со шесте Алфи за апсењето на лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски се прегледуваат снимки од пребројување на парите пронајдени кај Бошкоски при апсењето.

На снимките се гледа како во затворена просторија се врши обработка на прибавените докази од страна на МВР односно пребројување на парите запленети при апсењето.

Обвинителот Љубомир Лапе предложи да не се пуштаат сите снимки од пребројувањето на парите бидејќи нема ништо ново важно за случајот и поради економичност на постапката.

На ова, адвокатот на Сашо Мијалков изјави дека одбраната се противи на овој предлог и дека обвинителството требало на време да размислува за целисходноста на доказите, а не само да внесува кутии со докази за пред медиумите.

-Овие видео снимки имаат врска со кривичното дело кое го сторил сега оштетениот и поради што бил апсен. Обвинителството кога ги поднесуваше овие обвиненија требаше да размислува дали е целисходно да се носат овие докази, а не поради медиумско внимание во судот да внесуваат кутии со докази, барам снимките да бидат пуштени, рече адвокатот Василев.

Судијката Александра Ристеска го одби барањето на обвинителот Лапе, во судницата продолжуваат снимките од пребројување на парите.

Во случајот „Тортура“ покрај првообвинетиот Сашо Мијалков обвинети се и припадниците на полициската единица Алфи, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Боцевски и Метуш Шабани за извршена тортура врз лидерот на Обединета Македонија, Љубе Бошкоски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Таткото на киднапираниот Самоил: Нудиме парична награда за било каква информација – 20 дена не знаеме каде е

Анита Петровска Рајковиќ

Еден месец има Мухамед Зекири да се опорави психички и да почне неговото судење

30 дена притвор добија двајцата вмешани во киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски

Анита Петровска Рајковиќ

Не е добар психички – одложено судењето на Мухамед Зеќири

А1он

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие