Адвокатите бараат куќен притвор за Дурловски

Од:

Оперскиот пејач Игор Дурловски денеска се појави во Апелациониот суд каде на јавна седница се расправаше за жалбата на неговата одбрана да му се укине притворот.

Адвокатот, Еленко Миланов, рече дека осомничениот не повикувал на насилство во Собранието и не ги упатувал присутните во салата. Обвинителката од Вишото јавно обвинителство рече дека бара мерката притвор да остане бидејќи Дурловски бил во највисокиот законодавен дом за време на настаните на 25 април минатата година.

Одлуката на Судот ќе биде објавена деновиве. Во судницата беше присутна и сопругата на Дурловски, Ана Дурловска, која носеше маичка со натпис „Правда за Игор“.

В.М.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска