ВИДЕО: Адвокат во ТНТ сака одново сослушување на сите сведоци на едно рочиште

Од:

Адвокатот Мерџан Даути кој ја брани обвинетата Елизабета Најдовска по денешното откажано рочиште рече дека треба одново да се сослушаат сите сведоци во ТНТ и тоа во едно рочиште.

„Јас сметам дека одново треба да се сослушаат сите сведоци. Сите сведоци можат да се сослушаат во едно рочиште. Не е одолговлекување на постапката“, рече бранителот Мерџан Даути.

Бранителот на Најдовска посочи дека денес доставил и нови докази, како и барања до судот

„Јас сум се вклучил покасно и денес поднесов нови барања и докази, кои требаат да бидат дел од овој случај. Дали јас ќе дадам согласност, да се произнесам – сметам дека нема да можам. Имаме нови прашања, околности“, рече Даути.

Би можело да ве интересира

Судењето за ТНТ одложено бидејќи сопруг на обвинета е во изолација поради коронавирус

Ландов

„ТНТ“ продолжи со изведување докази

Ана Ололовска

ТНТ по две години започна повторно, овој пат се презентираа докази на ЈО

Ана Ололовска

Судот не дозволи одложување на ТНТ за Јанакиески да оди на седница за укинување на притворот

Кристијан Ландов

Адвокат на обвинета за незаконско уривање на „Космос“: Ние треба да учиме од неа

Кристијан Ландов

Трајковски се пријавил кај Русковска како оштетен сведок во случајот со Меѓународниот сојуз, му се пожали на судијата дека не го викнале за исказ

Кристијан Ландов