Адвокат на обвинета за незаконско уривање на „Космос“: Ние треба да учиме од неа

Од:

Адвокатот Мерџан Даути на албански јазик и со превод, а потоа на македонски без превод, посочи дека се гордее што е бранител во ТНТ и додаде дека треба да се учи од обвинетата службеничка во ТНТ, Елисавета Најдовска. Според него, цела држава ќе се убеди во исправноста на одлуката на Најдовска кога во прашање е рушењето на објектот „Космос“.

„Се гордеам што сум во овој предмет. Ние треба да учиме од неа. Сите се фалиме дека сме големи правници од кривична област, но никој не го разбира градежништвото. Ние се занимаваме со ова, но не разбираме. А јас, како бранител во овој случај иако сите ме критикуваат дека скм побарал одлагања на рочишта, многу ќе бидам среќен побрзо да дојде денот, мојот клиент да го даде својот завршен збор и посакувам тоа да биде утре. Тогаш цела држава ќе се убедиме дека како граѓани не ги сакаме професионалците“, рече Даути.

По долгите образложувања, судијата Ставрев реагираше на долгиот говор кој го имаше адвокатот Даути и побара да заврши за пет минути, на што тој се побуни.

„Не можам да излезам со моето семејство во град, сите ми викаат ‘Мердита’. Од сите изјави во медиумите, најсреќен ќе бидам кога ќе давам изјава пред медиумите за мојот клиент, која има донесено одлука со која цела држава треба да се рамни со неа. Мојот клиент ќе докаже дека сите нејзини одлуки се во согласност со законот, Уставот и добрите обичаи. Во обвинението читаме се и сешто”, рече Даути.

Судијата Ставрев му укажа на Даути дека тој не дава воведен говор, односно не кажува стратегија на одбрана, туку зборува за тоа што сакал да изјавува во медиумите. На ова Даути реплицираше „На прва точка сум, има време“.

„Сметам дека ова обвинение е добиено на готово од некаде, а немале намера ниту дс го прчитаат“, посочи Даути.

Би можело да ве интересира

Судењето за ТНТ одложено бидејќи сопруг на обвинета е во изолација поради коронавирус

Ландов

„ТНТ“ продолжи со изведување докази

Ана Ололовска

ТНТ по две години започна повторно, овој пат се презентираа докази на ЈО

Ана Ололовска

Судот не дозволи одложување на ТНТ за Јанакиески да оди на седница за укинување на притворот

Кристијан Ландов

Трајковски се пријавил кај Русковска како оштетен сведок во случајот со Меѓународниот сојуз, му се пожали на судијата дека не го викнале за исказ

Кристијан Ландов

Службеник трчал по судија да му достави поднесоци за ТНТ, Шабани се сомнева дека доцното доставување е со намера за одлагање

Кристијан Ландов