Проф. д-р Аднан Ќахил едногласно е реизбран за претседател на Партијата за Движење на Турците. Вториот конгрес му го донесе новиот мандат на Ќахил.Аднан Ќахил ќе ја предводи партијата и во 14-та година од своето постоење на партијата.
Со огромно мнозинство од 267 гласа „за“ Проф.д-р Аднан Ќахил повторно е избран за лидер на Партијата за Движење на Турците на денешниот втор редовен конгрес на партијата која се одржа во Скопје. На конгресот кој го следеа од вкупно 275, 268 делегати, исто така се избрани и работните тела на партијата и Централното собрание.
На конгресот присутни беа лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, висока делегација од Р.Турција и претставниците од коалицијата која е предводена од СДСМ.