Адерхолт: Се уште очекуваме одговор од Бејли за обвинувањата за партизирање на работата на Амбасадата

Од:

Американскиот републикански конгресмен од Алабама Роберт Адерхолт изјави дека се уште не добил одговор на писмото што заедно со уште пет други конгресмени го упатија до американската Амбасада во Скопје пред еден месец, и во кое бараа отчет за финансирањето на крајно левичарски и партиски поврзании организации со пари на американските даночни обврзници.

– Амбасадорот можеби работи на некои одговори. Јас потпишав писмо со моите колеги и сакавме да се информираме кога чувме загрижувачки информации упатени до нас, како конгресмени кои сме ја посетиле Македонија, кои сме патувале таму и сме работеле со разни лидери во земјата. Постои загриженост од наша страна како биле трошени дел од тие пари. Ние не сме добиле одговор, но ако амбасадорот работи на нешто, верувам дека ќе ни даде одговор на време, кога ќе ја комплетира информацијата, изјави Адерхолт за Македонската Телевизија.

Тој беше дел од групата во која беа и истакнати конгресмени како Кристофер Смит и Луи Гомерт, кои побараа одговор од амбасадорот Џес Бејли за финансирање на невладини организации поврзани со милијардерот Џорџ Сорос во Македонија, како и за наводите дека американската Амбасада застанала на страна на партијата СДСМ во преговорите за организирање на изборите и по нив.

Адерхолт вели дека конгресменот Смит, како претседавач на комисијата за соработка со ОБСЕ на американскиот Конгрес, работел на поголем број вакви случаи на политизирање на американските програми за помош на странски држави, низ целиот свет. Смит најави организирање истрага од страна на американскиот Конгрес за работата на амбасадорот Бејли и го повика да поднесе оставка доколку обвинувањата за злоупотреба на парите за помош во политички цели бидат потврдени.

– Ние одблиску работиме со конгресменот Смит и го следиме неговото водство по ова прашање и неговата проценка како е најдобро да се оди напред со истрагата. Испративме писмо до амбасадорот и сакаме да видиме која е неговата позиција, а потоа ќе видиме дали ќе одиме со инспектор или инспекција, за што подоцна ќе решиме, додава Адерхолт, кој воедно го отфрли повикот на конгресменот Дејна Рорабакер за менување на границите на Република Македонија, за кој и самиот Рорабакер подоцна се извини.

Сенаторот Мајк Ли се придружи на повикот на шестмината конгресмени за испитување на работата на американската амбасада во Скопје. Повици за истрага и отповикување на Бејли дојдоа и од конзервативната фондација Херитиџ, а медиуми блиски до републиканската Бела Куќа како Фокс Њуз и Брајтбарт емитуваа свои стории на оваа тема во изминативе денови.

Во новинарските извештаи се вели дека пари од американската амбасада биле доделувани на организации формирани од фондацијата на Џорџ Сорос кои учествувале во насилни протести и кои имаат партиска поврзаност со СДСМ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорот Бејли на проштална средба со премиерот Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бејли: Најмногу ќе ми фалат луѓето, најмалку загадениот воздух

Ана Ололовска

Османи до Бејли: Оставивте неизбришлива трага во успехот и напредокот на земјава

Ана Ололовска

Бејли по заминувањето од Скопје во март ќе се пензионира од дипломатската работа

Наум Локоски

(ВИДЕО) Бејли: Македонија донесе историска одлука, САД ја поздравуваат одлуката на пратениците

Наум Локоски

Бејли: Каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница е лажна

Наум Локоски