Адеми: Вечерва победата е наша, на сите кои рековте „не“ на Русија и „да“ на Европа

Од:

Денеска народот го кажа својот збор. Европскиот фронт засекогаш ќе остане верен на своите гласачи. Вечерва победата е наша, на сите кои кажавте „не“ на Русија и „да“ на Европа, кажа на прес конференција портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми.

„Европскиот фронт е гаранција дека активното и масовното учество на граѓаните во политичките процеси ќе биде одлучувачко за процесите во Северна Македонија“, рече Адеми.

Тој вели дека ставот на Европскиот фронт бил поддржувачите самостојно да одлучуваат дали ќе гласаат на претседателските избори.

„Ако направите споредба на процентот на излезност, може да се констатира дека има мала разлика, но не до тој степен што би се одразила, така што имало поддржувачи на Европскиот фронт кој ја изразиле својата волја на претседателските избори“, посочи Адеми.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски