Адеми: Теренска вакцинација во училиштата каде има потреба

Од:

Министерот за образование и наука Арбeр Адеми денеска соопшти дека заедно со Министерството за здравство ќе нудат теренска вакцинација во училиштата каде има потреба. До крајот на овој месец ќе се знае точно колку деца не се запишани во прво одделение.

Одговарајќи на новинарско прашање дали невакцинираните деца ќе бидат исклучени од образовниот систем, Адеми рече дека за ова имало заклучок на Влада и оваа тема во повеќе наврати била разгледувана на владина седница.

– Сме ги разгледале сите законски можности за надминување на оваа состојба и сега тоа што го нудиме заедно со Министерството за здравство, заедно со министерот Филипче е и теренска вакцинација. Досега сме задоволни од процентот на деца кои се вакцинирани. Министерството за здравство води евиденција и секојодневно бројот се менува, рече Адеми, кој денеска ги посети првачињата во ОУ „Аврам Писевски“ во Бардовци.

Според него, во споредба со претходните години, процентот на вакцинација кај децата е зголемен значително. Најави дека ќе нудат теренска вакцинација во училиштата каде има потреба.

Адеми информира дека овој месец училиштата го известуваат Државниот просветен инспекторат за деца кои би требало да бидат запишани, а не се запишани.

– До крајот на септември ќе имаме точен број колку деца не се запишани во прво одделение. Во меѓувреме ние ќе нудиме и теренска вакцинација. И во Законот за основно образование при упис во основно училиште треба да се достави и потврда за примени задолжителни вакцини. И заради колективната имунизација ние сме го разгледале ова прашање во повеќе наврати на седница на Влада и сме преземале таков чекор, рече Адеми.

Министерот Адеми, заедно со заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ги посетија првачињата во ОУ „Аврам Писевски“ во Бардовци.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов