Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Од:

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми информираше дека Коалицијата Национална Алијанса за Интеграција (НАИ) предводена од Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) добила две градоначалнички места уште во првиот круг на гласање. Победиле нивните кандидати во општините Липково и Пласница.

-Во Липково е е завршен изборниот процес и без втор круг на гласање. Нашиот кандидат Ерхан Арифи победи со сооднос 3:1. Исто така изборите завршија и во општина Пласница, каде што нашиот кандидат веќе ја заокружи целосно неговата победа, 2:1 со против кандидатот кој доаѓаше од Турската демократска партија, рече Арбер Адеми.

Тој најави дека како што ќе доаѓаат резултатите од секоја општина ќе ги објавуваат во партиското седиште на ДУИ во Тетово.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби