Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми престојува во работна посета на Италија, во рамките на која денеска во Абруцо – Поџио Пиценче учествуваше на одбележувањето на десетгодишнинаната од земјотресот во Акиле, во кој загинаа 309 луѓе, меѓу кои и пет државјани на Северна Македонија.
Церемонијата, како што соопшти Кабинетот на министерот, беше отворена со поздравен говор од страна на градоначалникот на општината Поџио Пиценче, Антонело Гиалорето и министерот Адеми.
Адеми, во својот поздравен говор се осврна на солидарноста, духот на добрата волја и хуманата желба за помагање која произлезе од катастрофалниот земјотрес во регионот на Абруцо, Акиле.
– Сликите и спомените за одбележување на катастрофи ни даваат моќна и јасна порака, дека само заедно можеме да се справиме со сите предизвици, без разлика дали се природни или општествени, истакна Адеми.
Во рамки на церемонијата од одбележување на десетгодишнинаната од земјотресот во Акиле беше инагуриран и споменикот со имињата на настрадените во земјотресот и беше промовирана книга за истиот повод.
Министерот Адеми, меѓу другото во рамките на неговата посета на регинот Абруцо, реализираше средба со заменик претседателот на регионот Абрузо, Емануеле Импруденте, градоначалникот на општина Поџио Пиценче, Антонело Гиалорето, како и низа средби со претставници на нашата дијаспора која живее во тој регион.