Адеми: Македонскиот јазик и Никола Мартиноски ги потврдуваат добрите културни и историски односи меѓу Македонија и Романија

Од:

На првиот ден од официјалната посета на министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми на Романија, придружуван од директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалварниов, оствари средби со Мариана Венера Попеску, пратеник на Македонската заедница во романскиот Парламент, и со министерот за култура и национален идентитет на Романија, Валер Даниел Бреаз.

Пратеникот на Македонската заедница во Романија, Попеску го информираше министерот Едмонд Адеми за нејзините активности во застапување на интересите на македонската заедница во Романија, како и за нејзините следни активности во пресрет на романското претседателство со Советот на ЕУ.

Министерот Едмонд Адеми и се заблагодари на пратеничката Попеску за нејзиниот ангажман и придонес во донесувањето на законот со кој 8 декември – денот на Свети Климент Охридски е прогласен за ден на македонскиот јазик во Романија, со што дополнително се зајакнуваат односите помеѓу двете традиционално пријателски земји.

На средбата со новиот министер за култура и национален идентитет Валер Даниел Бреаз, министерот Адеми му го честита изборот и му посака успешна работа. Двајцата министри потврдија дека постои огромен простор и потенцијал за културна соработка помеѓу Република Македонија и Романија, и дека во периодот што следи културната соработка ќе се интензивира.

Министерот Едмонд Адеми, на средбата ја реактуелизираше иницијативата за поставување на споменик во Букурешт на големиот македонски уметник Никола Мартиноски, кој студирал и дипломирал во Букурешката Академија на Уметности во 1927 година. Двете страни посакуваат и се надеваат дека овој проект ќе се реализира во текот на 2019 година.

Министерот Едмонд Адеми, меѓудругото, на министерот Даниел Бреас и Романската Влада им посака успешно претседавање со советот на ЕУ, почнувајќи од 1 јануари 2019 година, и истакна надеж дека под нивно претседателство, Република Македонија во јуни 2019 ќе започне со преговорите за членство во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски