Адеми ќе се информира за јавните тепачки на малолетници и за проблемот со слободните карти од ЈСП за студенти

Од:

Министерот за образование и наука Арбер Адеми изјави дека службите во МОН ќе проверат за што точно се работи, одговарајќи на прашање дали знае за организирани борби на малолетници – ученици на отворени игралишта во центарот на Скопје. Снимки од тепачки меѓу деца, кои се опкружени од навивачи – нивни врсници, но и возрасни, се објавени и на социјалните мрежи.

-Треба да провериме што е и како е, бидејќи како министер јас сум по состаноци и на настани. Ние имаме координиран пристап со сите институции, за сите предизвици со кои се соочуваме. И за овој предизвик или проблем, ако е така, ќе изреагираме ако не изреагирале веднаш моите колеги во Министерството за образование и наука, изјави Адеми.

Тој одговори дека ќе ја провери и информацијата во однос на неможноста редовни студенти со положени испити по сите предмети да ја продолжат слободната карта од ЈСП, со образлиожение дека не им следува бесплатен превоз. Студентите можат да го продолжат важењето на билетот само ако имаат заверено зимски семестар и во индексот имаат запишано повеќе од два неположени испита.

-Треба да ја провериме информацијата и ќе бидеме во комуникација со институциите ако има некоја нерегуларност од страна на ЈСП, додаде Адеми.

Министерот денеска присуствуваше и се обрати на отворање оддел посветен на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Во одделот ќе се истражува животот, мисијата и хуманистичкото наследство на нобеловката од Скопје.

На настанот присуствуваше и биографот на Мајка Тереза, Луш Ѓерѓи, автор на 15-ина книги за нејзиниот животен пат, кој во оваа пригода му подари неколку изданија на Институтот.

Би можело да ве интересира

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов